Национална акција за чистење на отпад

На ден 15.9.2018 година нашето училиште учествуваше во националната акција за чистење на отпад.
Целта на акцијата е да се отстрани отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да се подигне свеста кај луѓето за правилно управување со отпад и за зачувување на животната средина. Учениците заедно со наставниците и вработените помогнаа во оваа акција  преку разновидни еко активности: чистење, селектирање на отпад, еко патроли, еко пораки, полевање на цвеќиња и дрвца во училиштето. Голема благодарност до сите кои дадоа придонес за чиста и здрава животна средина.
Училишен еко координатор:
Анета Велкоска