За нас

          Основното општинско училиште, „Браќа Миладниновци“ реализира 72 години вооспитно образовна дејност на младите генерации. Училиштето од основањето до денес имало повеќе локации. Првата училишна зграда било во Ново Маало-каде што денес се наоѓа зградата на Народна Банка на РМ.

          Од 1944/5 до учебната 1949/50 училиштето работи во училишната зграда ОУ „Тефејус“, а од учебната 1950/51 годиниа се преселува во својата зграда во која работи се до земјотресот во 1963 година. По земјотресот во 1964 година се преселува во наслебата Острово, општина Киссела Вода, денешна општина Аеродром, каде што работи и денес. Во периодот од 70 години низ училишните клупи на ова училиште поминаа илјаднаци ученици кои го завршија основното образование и се здобија со темелени знаења за продолжување на своето образование. Голем број од нашите ученеци станаа видни личности во општеството, професионалци во своите стопански, нестопански и општествено-политички организации.

          Од учебната 2013/14 година во училиштето се имплементира меѓународната програма-PYP во одделенска настава, а од 2014/15 година и MYP програма во предмента настава.

         Во училиштето учат 412 ученици од I – IX одделение, распоредени во 20 паралелки. Наставниот процес го реализираат 45 наставници, стручна служба и координатори по програмите PYP и MYP. 

  1. од 1950 до 1955 година – Благоја Димитровски
  2. од 1955 до 1957 година – Сотир Четарашка
  3. од 1957 до 1958 година – Васил Чипев
  4. од 1958 до 1961 година – Никола Симовски
  5. од 1961 до 1967 година – Душан Вузевски
  6. од 1967 до 1971 година – Никола Ѓорѓиевски
  7. од 1971 до 1985 година – Александар Ачковски
  8. од 1985 до 2003 година – Ленче Брзовска
  9. од 2003 до 2007 година – Цветанка Бошњак
  10. од 2007 до 2009 година – Славица Анѓеловска
  11. од 2009 до 2017 година – Билјана Индова
  12. од 2017 до 2018 година – Жаклина Ристовска
  13. од 2018                              – Тони Димов