Primary Years Programme (PYP)

Програмата за предучилишно и училишно образование -ППУО(Primary Years Programme-PYP)

Програмата за предучилишно и училишно образование (ППУО) (Primary Years Programme-PYP) на Организацијата на меѓународна матура  (IB Organization) претставува РАМКА за наставна програма на клучните елементи – знаење, концепти, вештини, ставови и активности – секој од овие елементи се пресликува во профилот на ученикот и е детален водич за сите аспекти од учењето . Во рамките на ППУО се смета дека учењето најдобро се реализира кога истото е автентично –релевантно за „реалниот“ свет; и трансдициплинарно – каде учењето не е ограничено на границите на традиционалните области од предметите, туку истото е поддржано и збогатено со нив. Тоа е програма која ќе го ангажира секој ученик на начини кои се соодветни за возраста, а намерата е училиштата да ја спроведат програмата на инклузивен начин. Целта на програмата  е развојот на личноста, која ќе знаае да размислува во меѓународни рамки и која, препознавајќи ја својата хуманост и заедничката обврска за чување на планетата, помага во креирањето на подобар и помирен свет. 

 

Знаења
Клучни Концепти
Активности
Вештини