Middle Years Programme (MYP)

Програма за предметна настава (ППН)- Middle Years Programme (MYP)

ИБ Програмата за предметна настава – ППН (The International Baccalaureate (IB) Middle Years Programme (MYP) има за цел да ги оствари образовните потреби на учениците на возраст помеѓу 11 и 16 години.

Младите луѓе во оваа фаза од образовниот процес имаат потреба од предизвикувачка и холистичка наставна програма, соодветна на важните прашања од реалниот свет кои ги засегаат – од лични до глобални.

Преку развивање на способностите да лоцираат, преработат, критички да евалуираат и да пренесат информации, како дел од една интернационална заедница, учениците имаат потреба да ја развијат меѓукултурната свест и сопственото разбирање на историјата и традициите кои лежат во основата на културниот идентитет.

ППН е организирана околу детално изучување на осум традиционални предметни области, претставени во дијаграмот:

  • Учење на јазик (англиски, француски, германски јазик)
  • Јазик и литература (македонски јазик)
  • Индивидуи и општества (географија, историја, етика, етика на религии, вештини за живеење)
  • Наука (биологија, хемија, физика, природни науки)
  • Математика
  • Уметности
  • Физичко и здравствено образование
  • Дизајн (информатика, техничко образование, проекти од информатика, програмирање)

Програмата обезбедува рамка за учење кое ги охрабрува учениците да станат креативни, критички настроени и рефлективни размислувачи.

Програмата го истакнува интелектуалниот предизвик, охрабрувајќи ги учениците да создаваат врски помеѓу тоа што го истражуваат по предметите и реалниот свет; таа овозможува развивање на вештини за комуникација, интеркултурно разбирање и глобален ангажман – неопходни квалитети за младите луѓе кои стануваат глобални лидери.

ППН наставниците ја организираат програмата со особено внимание кон:

Предавање и учење преку контексти

Учениците најдобро учат кога нивните искуства на учење имаат контекст и се поврзани со нивните животи и со светот кој го искусуваат. Преку употребата на глобални контексти, ППН учениците го истражуваат човечкиот идентитет, глобалните предизвици и што значи да се има меѓународна свест.

Концептуално разбирање

Концептите се големи идеи кои имаат релевантност во специфични дисциплини и предметни области. ППН учениците користат концепти како средство за истражување на одредени прашања и идеи кои имаат лично, локално и глобално значење о холистички го истражуваат знаењето.

Пристапи кон учењето (АТЛ)

АТЛ – обединувачка нишка на сите групи предмети на ППН, обезбедува основа за независно учење и ја охрабрува употребата на своето знаење и вештини во непознати контексти. Развивањето и употребата на овие вештини им помагаат на учениците да учат како да учат.

Јазик и идентитет

Од учениците во ППН се бара да учат најмалку три јазика (јазикот на инструкција и два дополнителни јазика). Учењето да се комуницира на различни начини е основен дел од развојот на нивното меѓукултурно разбирање и е круцијално за потврдата на сопствениот идентитет.

Услугата како Акција (општествено корисна работа)

Акцијата (учење преку работа и искуство) и услугата отсекогаш биле споделувани вредности на ИБ заедницата. ИБ учениците се стремат да бидат грижливи членови на заедницата кои прават позитивна разлика врз животите на другите. Услугата како Акција е интегрален дел од програмата, особено во Проектот од заедницата кој учениците го изработуваат во деветто одделение.

Проектот од заедницата (деветто одделение)

Проектот од заедницата се фокусира на општествено корисна работа, охрабрувајќи ги учениците да го истражуваат своето право и одговорност да ја имплементираат услугата како акција во зедницата. Проектот од заедницата им дава на учениците можност да ја развијат својата свест за потребите во различни заедници и да работат на остварување на тие потреби преку давање на услуга. Како консолидација на наученото, Проектот од зедницата е вовед во одржливо, длабоко истражување кое води до услуга како акција во зедницата.

Наставна програма

Во текот на реализацијата на наставната програма, учениците се постојано предизвикувани и стимулирани, со постојано навраќање на концептот дека истрајноста и упорноста ќе им помогнат да си го развијат сопствениот потенцијал.

Учење на јазик – Англиски јазик, Француски јазик, Германски јазик

Оваа програма има за цел да ги оствари потребите на учениците со различни способности во учењето на јазици.

Од учениците се очекува до деветто одделение да изучуваат два јазика.

Преку изучувањето на новиот јазик учениците ќе развијат лингвистички вештини кои се основни за процесот на учење на јазик, односно: зборување, слушање, читање и пишување.

Наставната програма ја поттикнува љубопитноста на учениците, нивниот интерес и уживање во странскиот јазик и им обезбедува цврста основа на комуникативни вештини неопходни за понатамошно усовршување.

Јазик и литература – Македонски јазик

Учениците се охрабруваат да го реализираат целокупниот сопствен потенцијал при следењето на наставата која ја признава нивната разновидност на искуства, култура и искуство со литературни текстови од цел свет.

Предметот е дизјниран за да охрабрува креативен, аналитички и интелектуален раст и да им ги даде на учениците потребните вештини и да ги подготви за понатамошните предизвици. Тоа е предизвикувачки предмет со холистички пристап кон стекнувањето на нови знаења.

Индивидуи и општества

Оваа компонента на ППН ги вклучува предметите Историја, Географија, Етика, Етика во религиите и Вештини за живеење.

Учениците се охрабруваат да се стекнат со поголемо разбирање на нивното место во светот и со нивниот сопствен идентитет, како и да развијат интернационална перспектива.

Ова вклучува свесност и вреднување на културниот идентитет, почит за вредностите на другите, чувство на одговорност кон заедницата и животната средина и чувство за идентитет во глобален контекст.

Математика

Предметот Математика се стреми да инспирира љубопитност за предметот и вреднување на неговата длабочина и убавина истовремено оплеменувајќи ги учениците со потребните алгоритамски вештини.

Предметот се предава со користење на интегрирана спирална наставна програма што значи дека секоја година учениците работат на опсег од теми по алгебра, броеви, геометрија и статистика развивајќи концепти кои се претходно поминати и постепено надградувајќи се со понапредни концепти.

Наука

Учениците во шесто одделение го изучуваат предметот Природни науки, во седмо одделение изучуваат Биологија, додека во осмо и деветто одделение изучуваат Биологија, Хемија и Физика.

Програмите во групата наука обезбедуваат цврста основа за научно знаење со силно истакнување на научното истражување и на истражувачките и аналитички вештини.

Наставната рограма ги охрабрува учениците да рефлектираат за социјалните и етички импликации на науката и ги обезбедува со вештини за да го пренесат своето знаење.

Глобалните контексти ги охрабруваат учениците да го поврзат своето знаење од науката со прашања од реалниот свет, да развијат свесност дека примената на науката може да биде и корисна но и штетна, и да развијат разбирање за научните методи и начините на кои се прават научни откритија

Уметности – Музичко и Ликовно

Изучувањето на ликовната уметност им дозволува на учениците да истражуваат, учат и да се искажуваат себеси визуелно, орално и преку пишување.

Учениците имаат можност и за самостојни и за кооперативни активности. Се охрабруваат да истражуваат, да дискутираат, да решаваат проблеми додека креираат. Додека ги развиваат вештините специфични за предметот во секоја област преку креативниот циклус на планирање, создавање и евалуирање, учениците ја развиваат својата свесност за уметноста во современото општество, низ историјата и светот.

Предметот Музичко комбинира експериментално учење и компонирање, кое се надоградува на силно разбирање на музичката теорија и техниките.

Учениците се ангажираат во критичко слушање и развиваат цврста свест за различните културни, историски и социјални контексти од кои се појавува музика. Учениците имаат можност да работат индивидуално и во мали групи за да компонираат, продуцираат и изведуваат сопствена работа, користејќи го својот глас, инструменти и музичка технологија.

Физичко и здравствено образование

Активностите по предметот Физичко и здравствено образование покриваат опсег на спортови на натпреварувачко и ненатпреварувачко ниво кои ги задоволуваат потребите на учениците од оваа област.

Преку истражувањата на правилата на различни спортови учениците ќе научат како да ги применуваат правилата на терен, ќе знаат кога да употребат соодветна техника и како успешно да работат заедно, како тим.

Дизајн – Информатика и Техничко образование

Оваа група предмети има за цел да развие креативни решавачи на проблеми кои се способни критички да одговараат на потребите на зголеменото технолошко општество и да ја вреднуваат важноста на технологијата за развојот на животот, општеството и животната средина.

Групата Дизајн ги предизвикува сите ученици да применуваат практични и креативни вештини за размислување за да решаваат проблеми во дизајнот, ги охрабрува учениците да ја истражуваат улогата на дизајнот во историски и во современи контексти, и ја подига свеста на учениците за нивната одговорност при донесување на одлуки и преземање акција при дизајнирањето.

Во сржта на предметите е циклусот на дизајн каде учениците го разгледуваат процесот на истражување, планирање на дизајнот, создавање и евалуација.

Предметот информатика го користи циклусот на дизајн за да се рашаваат проблеми преку употребата на компјутерски систем. Предметот вклучува и веб дизајн, програмирање и контрола и слични предметни области.

Оценување

Наставниците организираат континуирано оценување во текот на програмата според специфицирани критериуми за оценување кои кореспондираат со целите во секоја предметна група. Редовното оценување и известување за оценувањето играат голема улога:

  • во разбирањето на целите и критериумите за оценување од страна на учениците и родителите
  • во подготовката на учениците за финално оценување
  • во развојот на наставната програма според принципите на програмата.

Наставниците се одговорни за структуирање на валидни задачи за оценување кои ќе им дозволат на учениците да ги демонстрираат своите достигнувања според целите за секоја предметна група. Тие вклучуваат:

  • активности за решавање на проблеми
  • истражувања
  • организирани дебати
  • експериментирања
  • анализи и рефлексии.