ООУ „Браќа Миладиновци“

ООУ „Браќа Миладиновци“ – Скопје

МЕНИ

Хуманитарна акција

На 09.02.2017 г. учениците од Ученичката заедница од ООУ„Браќа Миладиновци“ Аеродром, Скопје го посетија СОС Детско село во Скопје со цел хуманитарна донација од училишен прибор за децата од оваа институција. Идејата за оваа хуманитарна акција произлезе од ученици од 8 – а одделение и беше прифатена и реализирана од сите ученици и вработени во училиштето. Вакви хуманитарни акции училиштето ќе реализира и во иднина и сите предлози и идеи за хуманитарни акции можат да се реализираат.

Вработените и децата од СОС Детско село се заблагодарија за хуманиот гест на нашите ученици и ни дадоа признание – Благодарница.
Одговорен
педагог – Билјана Узуновска