ООУ „Браќа Миладиновци“

ООУ „Браќа Миладиновци“ – Скопје

МЕНИ

Еко модна ревија 2018

Во нашето училиште се одржа „Еко модна ревија 2018“. На настанот учениците имаа можност да дефилираат со прекрасни еко креации направени од разновидни еко материјали. Ја покажаа својата креативност и фантазија на дело во соработка со своите родители. Целта е реупотреба на еко материјалите и создавање на нови креативни изработки кои имаат своја оригиналност и вредност. На настанот учениците настапија со драматизација, ритмички игри, пеење песни и читање на еко пораки. Голема благодарност до сите ученици кои учествуваа, родители, присутни гости, тимот и вработените кои соработуваа и дадоа придонес за успешна реализација на настанот.

Училишен еко координатор:
Анета Велкоска
Тим за организација:
Маја Глигоровска
Лидија Денковска
Драгана Николова
Даниела Јаневска