Учество во емисијата „Ѕвон“ (8-ми Март)

На ден 8.3.2019 година учениците од IVв, Vа, Vб и дел од IIIб одд. учествуваа во училишната емисија “Ѕвон” МТВ1. Учениците се претставија со ритмички точки, песни, драматизации, креативни изработки, ликовни цртежи кои содржински беа поврзани со денот на мајките. На тој начин им го честитаа празникот, испраќајќи пораки, топли прегратки и насмевки од кои извира искрена детска љубов.
Учениците беа во придружба на одделенските наставници: Анета Велкоска
Наташа Талеска, Даниела Јаневска, Ивана Краљевска.