ООУ „Браќа Миладиновци“

ООУ „Браќа Миладиновци“ – Скопје

МЕНИ

ООУ „Браќа Миладиновци”, Општина Аеродром, Скопје врши запишување на ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година

Родителите при уписот потребно е да ги донесат следните документи

Врз основа на член 59,60,61 и 63 од Законот за основно образование (Службен весник на Р. С. Македонија бр. 161 од 5.8.2019) ООУ „Браќа Миладиновци”, Општина Аеродром, Скопје врши запишување на ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година.
  1. Во прво одделение во основното училиште родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни 6 (шест) години. Во учебната 2023/2024 година во прво одделение ќе се запишат деца кои се родени во 2017 година.

 

  1. По исклучок од точка(1), детето може да се запише во прво одделение, доколку е родено до 31 јануари 2018, по предходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
Запишувањето на децата се врши секој работен ден од 09:00 до 12:00 часот и трае од 2.5.2023 до 31.5.2023 година со лично доставување на пријавите и потребните документи.

3. Со комисијата за упис на првачиња се договара време за опсервација на  детето.

Добре ни дојдовте првачиња!

В.Д. Директор

Анета Велкоска