ООУ „Браќа Миладиновци“

ООУ „Браќа Миладиновци“ – Скопје

МЕНИ

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, во просториите на нашето училиште ,,Браќа Миладиновци” се одржа работилница под мотото: „Сплотени рачиња на ученици и идни првачиња, Велигденско јајце бојат, за заедничка иднина да кројат”, каде учествуваа дечиња од детската градинка „Срничка”, објект „Чекорче” и ученици од нашето училиште, кои заеднички декорираа велигденски јајца користејќи најразлични материјали со кои ја изразија својата креативност. Насмевката зрачеше на нивните лица, особено кога дечињата со своите идни соученици, а водени од ритамот на детските велигденски ноти, оставаа отпечаток од својата дланка на големото велигденско јајце кое ќе сведочи за сплотеноста, радоста и другарувањето кои овие дечиња ја покажаа на оваа велигденска работилница. На радоста и немаше крај кога меѓусебно си разменија и скромни подароци по повод празникот Велигден. Овие активности се реализираат во рамките на Еразмус + проектот: “Чекор поблиску до среќен училишен старт” со ЈДГОА „Срничка” како носител на проектот.
Целта е целосна поддршка и полесна адаптација на дечињата од градинка во училиште.
Покрај заедничките активности за олеснување на адаптацијата на децата, исто така проективните активности се фокусираат и на децата со специфични потреби во учењето, кои во моментов се најранливата категорија на ученици што започнуваат со формалното образование. Насочени сме кон зајакнување на капацитетите за ефективна комуникација помеѓу воспитувачите од предучилишна возраст и наставниците од одделенска настава.