16 Октомври „Меѓународен ден на здрава храна“ „Фестивал на здрава храна“

Одбележување на 16 Октомври „Меѓународен ден на здрава храна“
„Фестивал на здрава храна“

На ден 16.10.2018 година во нашето училиште се одбележа меѓународниот ден на здрава храна под мотото „Фестивал на здрава храна“. Беше организирана продажна изложба на овошни сокови, шејкови, природни џемови, овошни салати, декорации од овошје и зеленчук, креативни фигури, флаери, постери, литературни творби за здрава храна. Целта на кампањата е развивање на свест и навики за конзумирање на здрава храна и подобрување на здравјето преку секојдневна употреба на зеленчукот и овошјето во исхраната. Учениците беа одлични во реализација на активностите. Голема благодарност до директорот, наставниците, останатите вработени во училиштето, учениците, родителите и сите останати кои дадоа придонес за успешна реализација на овој денешен настан.
Училишен еко координатор:
Анета Велкоска