ООУ „Браќа Миладиновци“

ООУ „Браќа Миладиновци“ – Скопје

МЕНИ

Ликовна работилница „Цвеќе на мирот“ со сликарот хуманист Живко Поповски – Цветин

По повод Патронатот на ООУ „ Браќа Миладиновци“ Аеродром, Скопје на 26.03.2018 г. имаше ликовна работилница „Цвеќе на мирот“ со сликарот, хуманист Живко Поповски – Цветин со учениците од четвртите и шестите одделенија заедно со нивните наставници.
Учениците беа запознати со долгогодишната активност на сликарот, хуманист Живко Поповски – Цветин во неговата мисија на мирот со мироносното цвеќе. Тој има над 200 изложби и ликовни работилници во основните училишта во нашата држава и странство при што им ја открива техниката на сликање на учениците со неговата волшебна шпакла и акрилните бои.
Учениците беа воодушевени од убавината на мироносните цвеќиња и брзната на нивното создавање.
Потоа во училишниот двор сите заедно ја пуштивме пораката за мир со балоните и едно цвеќе на мирот прикачено на нив.
Прекрасниот настан проследете го низ фотографии.