ООУ „Браќа Миладиновци“

ООУ „Браќа Миладиновци“ – Скопје

МЕНИ

Учество во емисијата „Ѕвон“

На ден 12.10.2018 год (петок). Учениците од четвртите одделенија (IV- а, IV- б и IV – в) гостуваа во Детската образовна емисија „Ѕвон“ која се реализираше во студиото на МРТВ. Во емисијата учествуваа сите ученици од четвртите одделенија кои се претставија со ритмички игри, со пеење на песни, успешни спортисти и се разлизираа работилници во текот на емисијата, како и со драма, кои учениците од IV- б одделение сами ја креираа .
Учениците успешно го претставија училиштето, а за тоа се погрижија нивните одделенски наставници: Жаклина Ристовска, Анета Трифуновска Стојанова, Ивана Кралевска, Тања Симоновска, Елена Илиевска и Божидар Мишиќ.
Гостувањето помина во најдобар ред.Голема благодарност до сите родители кои ни помогнаа да го реализираме ова гостување на МРТВ.