Во прво одделение се запишуваат деца родени во 2014 година кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31.01.2015 год. по претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог. Основното училиште ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште. Пријавување на првачињата ќе се реализира електронски на следните e-mail адреси: strucnasluzba.brakamiladinovci@gmail.com и brakamiladinovci_skopje@yahoo.com. Потребно е да го пополните Формуларот со податоци за ученикот и родителот кој може да го најдете на web страната на училиштето. Истиот пополнет треба да го испратите на посочениот меил и да го доставите со останатите документи на денот на опсервација.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ :

  1. Извод од матична книга на родените на ученикот (оригинал и копија)
  2. Државјанство на ученикот (за ученици родени во странство)
  3. Копија од лична карта од родител
  4. Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа
  5. Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа
  6. При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

Истите ќе ги доставите на денот на опсервација на Вашето дете во оригинална форма во термин кој дополнително ќе биде утврден. Доколку сте наши реонски обврзници, на домашна адреса ќе добиете покана со закажан термин.

Уписот започнува  од 01.06.2020 год.

За информации поврзани со Меѓународната програма може да се обратите на e-mail кај координаторите во училиштето.

nikola_odzakov@yahoo.com координатор за PYP програма (оддленска настава)

katemirevska@yahoo.com  координатор за МYP програма (предметна настава)

Директор

на ООУ “Браќа Миладиновци” – Аеродром

м-р Тони Димов