Проекти

ПРОЕКТ- НАМАЛУВАЊЕ НА НАСИЛСТВОТО ВО УЧИЛИШТАТА (УЧИЛИШТЕ БЕЗ НАСИЛСТВО)

Проектот- Намалување на насилството во училиштата, започна со реализација во октомври 2011г., на ниво на општина Аеродром во сите основни училишта, вклучувајќи го и нашето училиште.

Целта на проектот е остварување соработка и искреност меѓу учениците и наставниците, учениците и полицијата, родителите и наставниците. Истиот се реализира во соработка со Одделението за малолетна деликвенција при СВР- Скопје. Целна група се учениците од III до IX одд.

Проектот успешно се реализира преку организирани работилници, прилагодени за возраста и интересите на учениците, а подготвени од страна на стручни лица од МВР и тимот во училиштето- Маја Глигорова и Татјана Галевска.

Работилниците се реализираат во просториите на училиштето преку презентација на следниве актуелни теми

  1. Што е насилство?
  2. Што е соживот?
  3. Помагање на одделни ученици кај кои постои ризик за насилство
  4. Подршка за жртвите на насилството
  5. Организација на безбедноста и обезбедувањето во училиштето

Училиштето учествуваше со свој спот за намалување на насилството во училиштата и освои многу гласови. (погледнете на линкот)

Проект

„Безбедност во училиштата“


Проектот „Безбедност во училиштата“,  започна со реализација во пет скопски средни училишта. Успешноста на проектот ги отвори вратите и за  приклучување на ученици од основните училишта. Меѓу првите од нив беше вклучено и нашето училиште.

             Целта на проектот „Безбедност во училиштата„ е остварување соработка, доверба и искреност меѓу учениците и полицијата. Истиот се реализира во соработка со Одделението за превенција при СВР – Скопје на подрачјето на главниот град. Целна група се ученици од седмо и осмо одделение, вкупно 20 членови кои го претставуваат  клубот за превенција.

            Проектот успешно се реализира преку организирани работилници прилагодени на возраста и интересите на учениците, а подготвени од страна на стручни лица од МВР и училишниот педагог. 

Тие се реализираат во просториите на нашето училиште преку презентации на следниве актуелни теми:

  1.   „Полициско работење и полициско овластување (човекови права)“;
  2.   „Среќна и безбедна Нова година – во семејно и пријателско дружење“;
  3.   „Видови насилства: физичко и психичко“;
  4.   „Правата на децата и насилството“;
  5.   „Насилство на спортски натпревари“;
  6.   „Превенција од злоупотреби (дрога, алкохол, обложување, интернет)“.

            По повод 5 год. од превентивното работење на СВР – Одделение за превенција, на 11.12.2013г. во Собрание на град Скопје, за особено залагање во имплементација на активности од областа на превенцијата за проктот „Безбедност во училиштата“ со благодарница беше наградено и нашето училиште.

                                                 Координатор на проектот: Билјана Узуновска

Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем-еко проект

Училиштето од учебната 2011/12 започна со реализација на програмата "Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем". Во релизација на програмата се вклучни сите вработени, ученици, локална заедница, родители, медиуми, локална власт и бизнис заедницата, низ тимска работа и заедничко разбирање.

  Како резултат на задничка и тимска работа на успешно реализирани еко активности, училиштето се стекна со статус на еко – училиште на сребрено ниво (учебната 2012/13 година) и со највисокиот статус Зелено знаме (учебна година 2013/14). Во учебната година 2012/13 година е создадена еко химна и еко кодекс на училиштето.  Училиштето активно учествува во разни еко активности кои се организираат на локално, регионално и интернационално ниво. Проектот на ПАКОМАК за собирање на стара хартија и пластика и понатаму е актуелен. Освоената ПРВА награда во учебната 2014/2015 ќе биде мотив плус да продолжиме со исто темпо.
Посебна благодарност до членовите на еко одборот г-дин Коста Парлапанов и г-дин Ѓорѓи Пачоски за чести донации на садници – млади дрвја и цвеќиња кои го красат нашиот училишен двор..
Посебен интерес во локалната средина и меѓу учениците е Модната еко ревија која се реализира секоја учебна година на 22 Април – Денот на планетата Земја. Еко приоритет е уредување и одржување на "Ботаничката градина" во училишниот двор. За таа цел редовно се садат цвеќиња, млади дрвја… 2 мај е прогласен за Ден на еко училиште, кога учениците ги претставуваат своите еко – активности на пошироката јавност(родители, локално население). Мотона програмата е "Екологијата е вредна, зошто Земјата е една" .

Училишен координатор на програмата Жаклина Ристовска

Од 2011 до 2015

Од учебната 2015/2016 година кога училишен еко координатор е Анета Велкоска се продолжи со реализација на еко активностите бидејќи мисијата е да се развие еколошката свест за поубава, почиста и поздрава животна средина. Се одбележаа позначајни еко датуми како што се : Македонија без отпад 2016, Ден на пролетта и екологијата, Ден на дрвото, „Цветен фестивал“-2016/2017, Светски денови на акција 2017-Free Global action days 2017, Кампања за здрава храна-„Фестивал на здрава храна-2016“ и „Здрава храна за живот без мана 2017“, награден конкурс од проектот Еко пакет 2016, освоено прво место на државно ниво за наградниот конкурс Trash for art за уметничко дело „Веселата дружина“, учество во еко твининг проект со збратимено училиште во Кипар за заштеда на вода-Eco-schools twinning project , учество и гостување на ученици, наставници и родители во образовни емисии за деца на МТВ1, Канал 5 ТВ за промовирање на еко активности од нашето училиште координирани од училишниот еко координатор Анета Велкоска. Голем број од учениците и нашето училиште се закитија со освоени први места, дипломи, пофалници, благодарници и награди. Снимени се три образовни емисии за деца на МТВ1 за создавање на здрави навики за живот и тоа „Зелено, жолто, црвено“, „Кога ќе пораснам“, „Учиме да пазаруваме од мали нозе“ каде главни улоги имаа учениците од нашето училиште и одделенскиот наставник Анета Велкоска. Собирната акција на пластична, тетрапак амбалажа, стара хартија продолжува и понатаму, а од минатата учебна година започна уште една хуманитарна собирна акција на пластични капачиња под мотото „Едно капаче-една надеж“. Голема благодарност до сите кои заеднички придонесуваат за почиста и посветла еко иднина-ученици, родители, наставници, вработени, локалната заедница и други надворешни соработници.

Училишен еко координатор

Анета Велкоска

Global Action Days

10.11.2017 год.-Свечено доделување на ЗЕЛЕНО знаме 

Училишниот еко координатор Анета Велкоска и претседателот на еко одбор Лидија Денковска  од нашето училиште учествуваа на шестиот Еко-самит во организација на „Здружението ОХО“, во соработка со Министерството за образование и наука.

Нашето училиште се закити со второто ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ и ќе продолжи со понатамошно учество во ЕКО  проектот  и ЕКО-ПАКЕТ, за селектирање отпад од тетрапак амбалажа.
Еко-самитот е дел од програмата Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем, на кој беа доделувани наградите за „Зелено знаме“  и признанија за бронзено и сребрено ниво.
Голема благодарност до сите кои дадоа голем придонес во еко проектот и овозможија нашето училиште да ја носи титулата-ЕКО училиште.
Еко одборот и за оваа учебна година има план за реализација на еко активности.

Училишен координатор на програмата Анета Велковска

Од 2015


Проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“, во нашето училиште започна да се реализира од учебната 2014-2015 година. Целта на проектот е развивање свест кај учениците за потребата од почитување на другите култури и комуницирање со припадници на другите етнички заедници, меѓусебно запознавање, соработка, градење нови пријателства и намалување на стереотипите и предрасудите за другите.

За успешна реализација на проектот, склучивме партнерство со училиштето „Мустафа Кемал Ататурк“ – с.Количани, о.Студеничани. Во заедничка соработка реализирана е активност на тема Семејните празници и традиционалните јадења“ со мешан состав ученици од 1-3одд.

Во рамките на редовната настава до сега се реализирани низа активности преку работилници од „Образование за животни вештини“ во сите одделенија.  Преку нив учениците се запознаа со празниците, обичаите и традициите на другите култури и ги прифатија меѓусебните сличности и разлики.

Тим за „Меѓуетничка интеграција во образованието“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор” – Македонија во покровителство на USAID го поддржува развојот на отвореното општество реализирајќи активности во областа на образованието, уметноста, културата, издаваштвото, како и човековите (детските) права и граѓанското општество. Фондацијата води, координира, учествува и директно спроведува активности кои промовираат иновации, напредок и развој на работата во предучилишните установи и основните училишта во Република Македонија. Оваа фондација спроведува проект „Со читање до лидерство“ кој опфаќа 5 компоненти во кои од 2014 година и нашето училиште е активно вклучено. Во овој проект активно се вклучени учениците од прво до трето одделение, но и учениците од четврто и петто одделение не заостануваат во активностите.
За Компонентата 1 : Процена на јазичната и математичката писменост, во март 2014 година се одржа обука за училиштата кои беа вклучени во втората фаза на оваа компонента. Обуката се состоеше од напатствија за спроведување на проектните активности за ЕГРА и ЕГМА во прво, второ и трето одделение. Во мај 2014 год., и во нашето училиште беше спроведена студија за процена на почетната состојба за постигањата на учениците по мајчин јазик и математика. Целта на ЕГРА и ЕГМА не е само да се изврши проценка на вештините на учениците за читање и математика. Во училиштата и заедницата тие можат да послужат за да се подигне свесноста на наставниците и заедниците за базичните вештини кои се потребни за децата да постигнат поголем успех по мајчин јазик и математика во иднина.
Во април 2014 година заедно со учениците од прво до трето одделение учествувавме во „Читачкиот караван“ кој се одржа во просториите на МКЦ. Ова е дел од Компонентата 5: Вклучување на семејствата и заедницата.
Проектот на УСАИД, „Со читање до лидерство“ на 10 септември 2014 год. официјално го отвори реновираниот Детски креативен центар при Младинскиот културен центар – Скопје.
Директорот на Мисијата на УСАИД, г-ин Џејмс Стајн, Раководителката на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“, г-ѓа Сузана Киранџиска, и директорот на МКЦ, г-ин Златко Стевковски, се обратија пред присутните гости и ја пресекоа црвената лента, а нашите ученици од прво и второ одделение ја имаа честа да бидат дел од отворањето на овој центар.
Во рамките на оваа компонента во 2014 година Фондацијата спроведе доста креативна и едукативна активност која истовремено создава огромен поттик кај учениците за користење на библиотека e и „Библиотеката на тркала“. Ваквиот вид на библиотека се покажа како доста интересен и корисен за учениците од прво до трето одделение, чија цел е да се подигне интересот кон читањето и математиката. „Библиотеката на тркала“ претставува специјално пренаменето возило, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика. Преку неа учениците добиваат можност да се вклучат во забавни настани за читање и математика каде има стимулативна и релаксирана атмосфера. Децата земаат пример од возрасните, па ова е одлична можност родителите да покажат како се чита заедно со децата и како тоа може да прерасне во едно прекрасно и незаборавно дружење. Библиотеката има избор детска литература на македонски, албански и англиски јазик, математички игри, удобно катче за читање, ресурси за ликовни активности и ТВ приемник за следење на аудио-дигитални сликовници. „Библиотеката на тркала“ започна да ги посетува основните училишта во Република Македонија во мај 2014 година, а во јуни 2015 година беше посетено и нашето училиште. Учениците од прво, второ и трето одделение ја посетија библиотеката и беа одушевени од нејзиниот изглед и богатството на книги кои таа ги посетува. Во вид на благодарност, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор” – Македонија во нашето училиште во септември 2015 година донираше комлети со сликовници за учениците од одделенска настава.
Компонентата 4: Дигитални ресурси за учење. Оваа компонента од проектот ќе креира и адаптира материјали за учење на мајчин јазик и математика, во форма на аудио книги, сликовници, игри и ќе поттикнува користење на ИКТ при изучувањето на мајчин јазик и математика. На тој начин ќе ги користиме дигиталните ресурси и технологијата за да ги доближиме наставните содржини до учениците, користејќи го јазикот кој тие денес многу вешто го говорат – технолошкиот. Во декември 2014 година Фондацијата „Чекор по чекор“ спроведе презентација на своите електронски сликовници и им ги презентираше придобивките на нашите одделенски наставници од истите.
Истиот месец во нашето училиште се одржа и работилница во која учествуваа сите наставници од одделенска настава како и родители од прво до трето одделение. Оваа работилница беше насловена како „Изработка на сликовница од материјали“ со која сакавме да ги потсетиме родителите на вредностите на семејството и близината со своите деца и начинот на изработка на сликовници со најосновни материјали.
Фондацијата во ноември 2015 година спроведе обука во нашето училиште која се однесуваше на презентација на алатките за креирање приказни, анимации, огласни табли и стрипови и нивната употреба во образовниот процес ,,Презентација на алатките за креирање приказни, анимации, огласни табли и стрипови и нивна употреба во образовниот процес“. На оваа обука беа презентирани WEB страни на кои наставниците и учениците можат самостојно да изработуваат приказни, анимации, стрипови итн. кои ќе можат да ги користат по предметите македонски јазик како и по математика. Со ова и употребата на технологијата ќе биде зголемена на повисоко ниво, а за учениците начинот на усвојување на новите наставни содржини ќе биде многу поинтересен и за нив поблизок.
Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ во рамки на Компонентата 2 за професионален развој, започна со спроведување еднодневни работилници на тема: „Читаме, учиме и се забавуваме“ во училиштата од првата и втората фаза на проектот.
Работилниците се наменети за членовите на заедниците за учење, а целта на истите е наставниците да се запознаат со креативни активности и техники за поддржување на јазичното описменување на децата преку создавање иновативни материјали за описменување, користење техники за учење преку игра и вклучување на семејствата во процесот на описменување на децата.
Овие работилници им овозможуваат на учесниците да се вклучат во активностите на интерактивен начин и да создаваат нови идеи од лични искуства. Во октомври 2015 години во нашето училиште со одржа оваа работилница во која беа вклучени сите одделенски наставници. На оваа обука се презентираше примената на разновидни визуелни и манипулативни дидактички средства за совладување на содржините со примена на сет техники:
-Препознавање букви и зборови
-Читање на текст
-Разбирање на текст
.

Компонентата 3: Заедници за учење. Преку заедниците за учење, наставниците и претставниците од стручните служби имаат можност за постојано откривање, создавање и споделување начини за подобрување на наставната практика. Затоа, оваа компонента ќе се фокусира на формирање заедници за учење во училиштата, но и пошироки, регионални мрежи за поддршка на професионалниот развој на наставниците и претставниците од стручните служби. Овие заедници за размена на искуства ќе претставуваат одлична можност за споделување добри наставни практики и примери од секојдневната практика за подучување на мајчин јазик и математика кај учениците од почетните одделенија.
Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ продолжува да организира работилници за одделенски наставници и родители во училиштата од првата и втората фаза на проектот. Во рамки на училишните заедници ќе се идентификуваат наставници-лидери кои применуваат иновативни наставни практики и кои ќе можат да нудат поддршка и позитивни примери за добра наставна практика по мајчин јазик и математика.
Во ноември 2015 година се спроведе обуката „Мојата училница-мојот свет“ која се однесуваше на креирање средина за учење. Оваа работилница за „Креативни техники за подучување математика“ се однесуваше на уредување на училниците по наставни теми. Техниките со кои наставниците и родителите ќе се запознаа за време на оваа работилница, можат понатаму да ги применуваат со децата во училницата и дома. Изработката на нагледни средства од отпаден материјал и негово прилагодување во нагледни средства претставува интересен начин на соработка на наставникот со родителите и учениците.

Постојаната соработка со оваа фондација ни нуди можност за професионално надоградување на нашите одделенски наставници како и спроведување на новини во образувањето на нашите ученици.

Одговорни наставници:
 Ива Наковска, Наталија Ралповска

Следејќи ги промените во образовниот систем како и иновациите кои се имплементирани во истиот во делот за професионалниот и кариерниот развој на наставниците, оваа година годишната програма за работа која се однесува на професионалниот и кариерениот развој на наставниците се однесува на:

  • Самооценка на професионалните компетенции и изработка на личен план за професионален развој
  • Идентификување на потребите за професионален развој на наставниите, стручните соработници и директорот
  • Хоризонтално учење- споделување на искуствата меѓу наставниците

 
 
САМООЦЕНКА НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ И ИЗРАБТКА НА ЛИЧЕН ПЛАН ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ 
 
Секој наставник прави самопроценка на неговите компетенции врз основа на следните насоки: планирање и реализација на наставата, оценување, создавање на клима и средина за учење, социјална и образовна инклузија со учениците и родителите, професионален развој и соработка. Наставниците ги подредуваат по важност и истакнуваат листа на оние кои има се најважни. Врз основа на овој план се изработува планот за личен развој на наставникот. На крајот на полугодието секој наставник го ревидира и го надополнува својот олан за личен развој.
 

ХОРИЗОНТАЛНО УЧЕЊЕ- СПОДЕЛУВАЊЕ НА ИСКУСТВА МЕЃУ НАСТАВНИЦИТЕ
Она што наставниците го научиле на семинарите обуките и на интерните работилници и обуки потребно е да го вметнат во планирањата на стручните активи со што ќе организираат отворени часови и исто така ќе се реализираат интерни обуки и работилници. Сето ова е вметнато во програмата на стручните активи во кои се предвидени и месечни состаноци на кои ќе се дискутира и за тековните проблеми, потреби и случувања во текот на наставата. На часовите ќе присуствуваат педагогот, психологот, директорот како и член од тимот за професионалниот развој. На тој начин ќе се утврди како новите техники, знаења и вештини се применуваат во наставата и како истите влијаат на наставата.

Прирачници:

  1. Основни професионални компетенции и стандарди за наставници
  2. Основни професионални компетенции и стандарди за стручни соработници 
  3. Професионални компетенции за директори на основни и средни училишта
  4. Прирачник за следење на работата и планирање на професионалниот развој на наставниците и стручните соработници
  5. Водич - наставник од почетник до ментор
  6. Водич - стручен соработник од почетник до ментор
  7. Упатство за начинот и формата на меторска поддршка