ООУ „Браќа Миладиновци“ –Аеродром објавува повик за избор на ученички правобранител и заменици на ученичките правобранители.
Ученичкиот правобранител е ученик што ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето (училиштен кадар и Народен правобранител).

I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право на пријавување за функцијата ученички правобранител имаат учениците од 7, 8 или 9 одделение.
Право на пријавување за функцијата заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од 6, 7 и 8 одделение.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.
Заинтересираните кандидати можат да подигнат пријава од педагошко-психолошката служба/класните раководители во училиштето. Потребно е кандидатите да ја пополнат и да ја достават пријавата до педагошко-психолошката служба/ класните раководители.
Мотивационо писмо се доставува во слободна форма.
Краен рок за поднесување на документите: 18.12.2020 година

III. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Избор за ученички правобранител и негови заменици вршат учениците од 7 до 9 одделение според следните
критериуми:
– пол,
– возраст,
– основно познавање на детските права,
– мотивација за пријавувањето,
– комуникациски и организациски способности,
– етничка припадност,
– претходно искуство, односно вклученост во воннаставните активности.

IV. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ на ученичкиот правобранител и неговите заменици:
• промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани;
• прибирање на претставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права);
• редовна комуникација и координација со педагошко-психолошката служба.
Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години (доколку правобранителот е 9 одделение, неговиот мандат е една учебна година).

 

Лице за контакт: стручна служба –меил: strucnasluzba.brakamiladinovci@gmail.com
Датум: 10.12.2020 година